|
Донесен новиот Статут на МЦМС Советот на МЦМС на својата 6-та редовна седница, одржана на 12 ноември 2008 година, го донесе новиот Статут на МЦМС. |
Скопје, 22 октомври 2008 МЦМС потпиша договор со две нови општини На 21 октомври оваа година, со свечено потпишување на договорите за реализација на програмата „Форуми во заедницата“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), вчера во Скопје, беа промовирани новоизбраните општини Кочани, Битола, Ново Село, Берово, Сарај, Ресен, Долнени и Свети Николе, во кои ќе се реализира втората фаза од програмата. |
Комуникациски вештини за наставниците Знаење за професионална и секојдневна употреба Заврши обуката Вештини за комуникација што МЦМС ја спроведе за раководството, наставниците и другиот персонал на Основното училиште „Христијан Карпош“ од Скопје. „Динамична обука, на едноставен јазик, во одлична атмосфера“, беа дел од коментарите на учесниците на обуката. |
Започна регионалната конференција Развојната соработка и интеграцијата во ЕУ Денес и утре, во Инфо центарот на ЕУ се одржува регионалната конференција Развојната соработка во контекст на ЕУ интеграциите. „Денес влегуваме во сферата која беше зад хоризонтот“, рече во своето поздравно обраќање Ивица Боцевски, Заменик на Претседател на Владата на Република Македонија. Конференцијата ја организираат МЦМС, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Триалог од Австрија |
Оглас МЦМС бара ко-модератор за БИТОЛА Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Битола. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 17 октомври 2008 година.
 |
Оглас МЦМС бара ко-модератор за РЕСЕН Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Ресен. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 17 октомври 2008 година.
 |
Подгответе се за Застапување и лобирање МЦМС ја најавува новата обука за застапување и лобирање што ќе се одржи од 12 до 14 ноември 2008 година во Маврово. Обуката им е наменета на оние соработници, советници, раководители или идни застапувачи и лобисти кои сакаат да се посветат на активности со кои ќе влијаат на креирањето на политиките. Со балансирана теорија, примери и практични вежби ќе дознаете: што е застапувањето, а што лобирањето, дали има и што е разликата меѓу нив, какви методи на преговарање и спогодување постојат и уште многу други теми |
Во следните четири години МЦМС ќе раководи со МРФП Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), по трет пат, го избра Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Институција за раководење за периодот 2008-2011 г. Изборот беше направен од страна на Одборот на старатели на МРФП врз основа на професионалниот, организациски и финансиски капацитет на МЦМС |
Напредна обука за недискриминација Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира напредна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 14 до 16 октомври 2008 година. |
Пријавете се на обуката РАКОВОДЕЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ МЦМС организира Обука за раководење со човечки ресурси за претставници на општините Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп. Обуката ќе се одржи од 23 до 25 септември 2008 година во Маврово. Пријавувањето е најдоцна до 17 септември 2008 година |
Обука за РАКОВОДЕЊЕ СО ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС, МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА „Премногу сум среќна и задоволна што бев дел од обуката. Работната атмосфера беше одлична се работеше во мала група, сите можеа да учествуваат, обучувачот беше одличен , а и времето беше доволно“- изјави Мина Дуровиќ – помлад соработник во секторот за финансиско работење и човекови ресурси во канцеларијата во Скопје. |
Обука за раководење и развој на човечки ресурси „Оваа ми е втора обука од МЦМС во која ја имав ретката можност да бидам ко-обучувач и непосредно да учествувам во целиот процес на обуката. Ова искуство за мене беше неверојатен предизвик во однос на обогатување и продлабочување на досега стекнатите знаења и соодветно пренесување на истите на учесниците. Воедно отворање на нови перспективи за потемелни согледувања на можностите за имплементација на компонентите на раководењето со човечки ресурси“ , ни кажа Весна Димовска, учесник на обуката. |
Продолжуваат активностите во Општина Карбинци “Целта на нашата заедница на овие форуми е најпрво да се запознаат сите присутни со проблемите со кои се соочуваат граѓаните од целата општина, а како крајна цел е да се постигне решавање на истите “ – изјави Весна Николовска жител на с.Долни Балван. |
Обука за односи со јавноста Оспособување на вработените во општините “Среќен сум што бев дел од обуката. Истата ќе најде голема примена на моето работно место, затоа што таму потребата од изработка на прес соопштенија и прес конференции е голема. Исто така ќе имам корист и во секојдневната комуникација со граѓаните“, ни изјави Влатко Анастасоски, раководител на одделение за локален и економски развој во општина Прилеп. |
Започна со работа инфо линијата КАКВИ СЕ ВАШИТЕ ИСКУСТВА ОД БАРАЊЕТО ВИЗА? Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 10 јуни 2008 година, во Холидеј ин во Скопје одржа прес конференција на која информираше за проектот за набљудување на визното олеснување во Македонија. Граѓаните можат да се јават на 02/3065 381 (локал 182 и 252) или да испратат e-mail на: vizainfo@mcms.org.mk. |
МЦМС Унапредете го вашето знаење и вештини Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) обезбедува образование на возрасни и ви нуди можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот.  |
|
|
|