
ИНФО-ЛИНИЈА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗЕН РЕЖИМ СО ЕУ ЗЕМЈИ-ЧЛЕНКИ
На 1 јануари 2008 година стапи во сила Спогодбата за олеснување на издавањето визи меѓу Република Македонија и Европската заедница. Со Спогодбата треба да биде поедноставено издавањето визи за некоИ категории граѓани како блиски роднини, студенти, новинари, стопанственици, возачи итн. за патување во земји-членки на ЕУ, потписнички на шенгенскиот договор. Спогодбата претставува чекор кон укинувањето на визите, поточно кон безвизен режим.
После скоро 6 месеци се поставува прашањето дали постапката за аплицирање на виза е поедноставна и олеснета? Дали граѓаните се информирани што им овозможува ова Спогодба?
МЦМС на 10. Јуни, 2008 г. започнува со отворање инфо-линија која ќе им овозможи на граѓаните да се информираат за Спогодбата и да ги изнесат своите (позитивни/негативни) искуства од аплицирањето на шенгенска виза. Инфо-линијата овозможува давање информации преку:
Телефон: 02/30 65 381 Е-пошта: vizainfo@mcms.org.mk Интернет страна: www.vizainfo.org.mk Работно време: понеделник- петок [09:00 – 16:00]
Ова активност паралелно се спроведува во сите земји во регионот за кои се применува сличен олеснет визен режим, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и е партнерство на МЦМС со 5 граѓански организации од тие земји и Европскиот сервис за граѓанска акција (European Citizen’s Action Service-ECAS). Повеќе информации за инфо-линиите во другите земји се достапни овде. Ова активност е поддржана од МЦМС, Фондацијата на крал Бодуин и Програмата Исток-исток на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.
Што значи олеснувањето?
Прес соопштение-прес конференција 10.06.2008
НОВО! Прес сооптштение-првични резултати од виза инфо-линија-26.08.20008 Прес соопштение
Информација за медиуми-долга
Користни линкови: Делегација на ЕК во Македонија
Министерство за надворешни работи
Информации за мапа (Roadmap) за целосна либерализација на визен режим

|